Categories
Финансии

Отворена донаторска платформа solidarnost.gov.mk за полесно справување со КОВИД-19

16 јуни 2020, Скопје – Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републиканскиот институт (ИРИ), УСАИД, како и со поддршка на Министерството за здравство и Владата, изработија веб платформа solidarnost.gov.mk преку која граѓаните и правни лица ќе можат да донираат во солидарните фондови за борба против КОВИД-19 на Министерството за здравство и Владата. Целта на новоотворената веб-страница е да се олесни процесот за оние кои што сакаат да донираат за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот, да овозможи јавно признание на тие кои донирале и да поттикнува солидарност.

„Досега во овие два фонда се собрани околу 200 милиони денари. Дополнително ја креиравме платформа за едноставен и брз придонес, на секој кој може, да се приклучи во борбата против КОВИД-19. Solidarnost.gov.mk на брз и едноставен начин дава можност на сите граѓани и фирми да подадат рака во надминување на овој предизвик и да донираат, како и да се запишат во листата на донатори на страната. Донациите во двата солидарни фонда соодветно се наменети за набавка на опрема за здравството и за социо-економски мерки за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Од досега собраните средства во фондот на Министерството за здравство, во кој донирале граѓани, компании и амбасади на странски држави, набавени се материјали и опрема за монтажната болница која го зголемува капацитетот на Инфективната клиника за повеќе од 70 кревети. 

„Ова е еден капацитет, кој што значајно помага во сместувањетодополнителенброј на пациенти, но и понатаму пријатно да се чувствуваати сите кои што  работат со пациентите на коишто им е многу потребна лекарската помош. Со останатите средства продолжуваме понатаму. Сакаме да набавиме и медицинска опрема за инфективните одделенија, не само во Скопје, туку и ширум земјата. Понатаму, во периодот што следи, сакаме да набавиме дигитални рендген апарати, дополнителен број на респираторни машини, апарати за компјутерска томографија. Оваа донаторскасметка на која што се собра сериозна сума на пари е нешто што ќе го искористиме за дополнително да се зајакне еден многу важенсегмент во нашиот здравствен систем, а тоа се токму одделенијата за интензивна нега во сите болници – општи, специјални, клинички и на Клиниката за инфективни болести во Скопје за да се зголеми квалитетот на здравствената заштита за нашите пациенти“,вели министерот за здравство Венко Филипче.

Средствата кои се донираат на сметката на Владата, пак, се наменети за социо-економски мерки и всушност претставуваат директна помош од човек на човек и подавање рака на оние категории граѓани кои што се најмногу погодени од кризата.

„Средствата од Солидарниот фонд на Владата ќе се наменат за повеќе категории граѓани на кои им е потребна помош. Ќе се користат за уметници, филмски работници, други самостојни културни работници, физички лица кои вршат авторски ангажмани во областа на културата за помош во справување со корона кризата, радиодифузерите, како и за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија кои ги трпат економските последици“, вели Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.

Преку solidarnost.gov.mk сите домашни и странски, правни и физички лица, можат да донираат финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош и поддршка на оние кои се директно погодени од кризата, а сите донации кои ќе се уплаќаат преку оваа донаторска платформа, ќе бидат ослободени од банкарски трошоци, благодарение на донацијата на УНИБанка.

За секоја донација физичките и правните лица можат да остварат даночно поттикнување преку електронско или хартиено доставување на потребната документација до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 јануари во годината откога ги донирале средствата.

Меѓу другото, solidarnost.gov.mk има за цел и да оддаде јавно признание и благодарност кон сите оние кои што оствариле донација за помош и поддршка во справувањето со последиците од корона кризата, па така, при донирањето, физичките лица имаат можност да одберат дали нивното име и презиме и град ќе бидат јавно објавени на страната. Согласно законот за заштита на личните податоци, заштитени се личните податоци на сите оние донатори кои не сакаат нивните податоци да бидат објавени јавно. 

Контакт

Ул. Владимир Комаров 20/1

1000 Скопје  Република Македонија

++ 389 2 2 673 556

++ 389 70 217 178

++ 389 70 358 491

info@maniconsalting.com.mk

Работно Време

Работни Денови

Понеделник – Петок / 8.30 – 16.30

Неработни денови

Сабота / Недела / Државни празници

Categories
Економија

Финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход

Со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (,,Службен весник на РСМ’’ бр.137/2020), се уредуваат условите, начинот и постапката за користење на финансиската поддршка.

Кој може да ја користи финансиската поддршка?

Граѓани со низок доход, односно полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се приматели на социјална помош (лица од домаќинство кое користи право на гарантирана минимална помош; лица од домаќинство кое користи право на детски додаток; лица од домаќинство кое користи право на додаток за образование; корисник на право на социјална сигурност за старите лица и негов брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница) или невработени лица кои активно бараат работа евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија заклучно со 22.05.2020 година, кои за 2019 година оствариле годишен доход во нето износ не поголем од 180.000 денари и за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 60.000 денари согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи

Вработени лица со низок доход, односно државјани на Република Северна Македонија кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи

Млади лица, односно државјани на Република Северна Македонија со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 22.5.2020 година, кои се активни учесници во формалното средно образование (средни училишта основани од Република Северна Македонија, локалната самоуправа и градот Скопје) и високото додипломско образование на Република Северна Македонија (редовни студенти на универзитети основни од Република Северна Македонија), согласно со евиденцијата на Министерството за образование и наука

Здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19, односно државјани на Република Северна Македонија вработени во јавните здравствени установи во Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, членови на тимовите за Итна медицинска помош, лица вработени во инфективните одделенија на општите болници и ангажирани работници во други одделенија кои повремено биле ангажирани во инфективните одделенија на соодветната јавна здравствена установа респективно за времето на ангажирање согласно со евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување заради тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19.

Што е домашна платежна картичка?

Домашна платежна картичка е платежна картичка со видливо отпечатена ознака: „КУПУВАМ ДОМАШНО“ (“KUPUVAM DOMASHNO”) издадена од резидентна банка која потпишала Договор со Владата, на чија поврзана сметка се исплатува финансиската поддршка.

Дали граѓаните кои имаат право на финансиска помош треба да се пријават за користење на истата?

Не, не треба да се пријавуваат. Генералниот секретаријат на Влада ги обезбедува податоците за тоа кои граѓани имаат право на финансиска помош од надлежните институции: Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување. Листата на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на ДПК (која што всушност е банка во која корисникот има трансакциска сметка), Генералниот секретаријат на Владата ја објавува на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од пет дена од денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила, односно на 01.06.2020 година. Корисникот на финансиска поддршка со внесување на својот ЕМБГ на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk со безбедносен (HTTPS) протокол проверува во која банка издавач ќе му биде издадена ДПК и висината на финансиската поддршка.

Која е висината на финансиската поддршка и во кој рок се исплатува?

Граѓаните-корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице. Работниците-корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице. Младите лица корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице. Здравствените работници-корисници на финансиска поддршка кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40% од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно до денот на влeгување во сила на оваа уредба со законска сила. Во однос на рокот на исплата, Генералниот секретаријат на Влада врши исплата на средствата на финансиска поддршка на банките во рок од 3 дена од утврдување и објавување на листата на коирисници. Банката издавач на ДПК , домашната платежна картичка ја издава на корисниците од листата согласно со расположливите капацитети на банката, а најдоцна до 3.07.2020 година и на својата интернет страна го објавува начинот на уредна достава и прием на ДКП.

За што треба да се користат финансиските средства на ДПК?

Примената финансиска поддршка на ДПК, корисниците на финансиска поддршка ја користат ИСКЛУЧИВО за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија во периодот од денот на приемот на ДПК до 31.07.2020 година. Оn-line набавката од интернет страници во сопственост на македонски правни и физички лица вршители на стопанска дејност за целите на финансиска поддршка се однесува на македонски производи и услуги. За таа цел правните и физички лица вршители на стопанска дејност, во објектите за трговија на мало ќе обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и сл. со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лица- та – корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила. Правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат оn-line про- дажба преку интернет страници имаат обврска јасно да ги истакнат и посебно да ги издвојат македонските производи и услуги. Воедно, правните и физички лица вршители на стопанска дејност издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија во фискалната сметка за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.

Контакт

Ул. Бел Камен бр 6/5  Центар

1000 Скопје  Република Македонија

++ 389 2 2 673 556

++ 389 70 217 178

++ 389 70 358 491

info@maniconsalting.com.mk

Работно Време

Работни Денови

Понеделник – Петок / 8.30 – 16.30

Неработни денови

Сабота / Недела / Државни празници

Categories
Економија

Даночните обврзници ги користат мерките за финансиска поддршка за месец Мај 2020

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај 2020.

  • За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.
  • За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени.
  • За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.

Мерките се реални, мерките се остваруваат, поднесете барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.

Контакт

Ул. Бел Камен бр 6/5  Центар

1000 Скопје  Република Македонија

++ 389 2 2 673 556

++ 389 70 217 178

++ 389 70 358 491

info@maniconsalting.com.mk

Работно Време

Работни Денови

Понеделник – Петок / 8.30 – 16.30

Неработни денови

Сабота / Недела / Државни празници

Categories
Економија

Работодавачи поднесете барање за користење на мерките за месец Мај 2020

Од денес 01.06.2020 до 07.06.2020 година, работодавачите може да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, односно до 05.06.2020 година Барања за субвенционирање на 50% од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност.
Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно 23 861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сеуште во постапка на проверувањеи обработување.Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19 350 компании за 127 426 вработени лица од кои:

  • 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26 680 вработени)
  • 300 компании се со број на вработни од 51 до 250 (за 27,635 вработени)
  • 19,008 се компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73111 вработени)

Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1427 компании со 10668 вработени , од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам);

  • 3 компании со над 250 вработени (за 478 вработени)
  • 24 компании се со вработени од 51 до 250 (1 984 вработени)
  • 1400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8 206 вработени)

Само мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1680 компании опфатени се 12 011 вработени лица и тоа:

  • 3 компании се со над 250 вработени (846 вработени)
  • 24 компании се со вработени од 50 до 250 (2082 вработени)
  • 1653 компании се со вработениод 1 до 51 (за 9 083 вработени)

Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187 самовработени лица со поднесени комплетни барања за БФС-СВД.

По оваа мерка нафизичите лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.

Користењето на финансиската поддршка од страна на работодавачите по региони како што ги администрира УЈП : Скопје 5787, Штипско 3310, Тетовско 3591, Струмичко 1372, Битолско 3252, Прилепско 2038.
Управата за јавни приходи за економските мерки кои ги спроведува отвори посебна електронска пошта finansiska.poddrska@ujp.gov.mk каде граѓаните, работодавачите, сметководителите и други заинтересирани страни добиваа одговори околу начинот на поднесување на самите барањата, статусот на барањето, исправање на грешки внесени во барањата и сл. На овој маил поставени над 2500 прашања кои од страна на даночните службеници се одговараат.
Мерката-ослободување од износот за плаќање на аконтации за данок на личен доход искористиле 680 даночни обврзници, а мерката ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка 818 даночни обврзници и тоа:

  • 165 од дејност транспорт;
  • 126 од дејност угостителство;
  • 86 од дејност туризам;
  • 441 од останати дејности.

Управата за јавни приходи како институција беше вклучена и во подготовката на третиот сет економски мерки каде претставници активно учествуваа во изготвување на Уредбите за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба како и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6000 денари.

Управата за јавни приходи останува посветено да ги спроведува економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од здравствено-економската криза и враќање на нормалното функционирање на општествените текови.

Контакт

Ул. Бел Камен бр 6/5  Центар

1000 Скопје  Република Македонија

++ 389 2 2 673 556

++ 389 70 217 178

++ 389 70 358 491

info@maniconsalting.com.mk

Работно Време

Работни Денови

Понеделник – Петок / 8.30 – 16.30

Неработни денови

Сабота / Недела / Државни празници